Македонија

И Европската унија на нозе оти Силјановска не кажа „северна“ – стигнаа првите предупредувања

Продолжуваат реакциите од Европската Унија за денешната заклетва на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Брисел директно бара Скопје да го почитува Договорот од Преспа со Грција.

Во соопштението, Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) нагласува дека „ЕУ жали поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска, не го употреби уставното име на земјата за време на денешната церемонија полагање заклетва“.

„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција“, се заклучува во соопштението.

Претходно со соодветна реакција имаше и претседателот на Комисијата. Во својата објава на Платформа Х, Урсула фон дер Лајен нагласи дека „со цел Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон членство во ЕУ, од најголема важност е земјата да продолжи со реформскиот курс и целосно да ги почитува своите обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.

На почеток