Свет

Сиљановска Давкова во Рим на средба со македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на посетата на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, во Рим, оствари средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора.

Сиљановска Давкова беше зспозната со нивните активности и вклученоста на дијаспората во сите процеси во Италија.

Во разговорот со Мунир Шемси, бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката беше информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република. Таа ја нагласи важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство.

На почеток