Денес изменет сообраќаен режим во Скопје
Денес поради „Поворка на живите“ со која ќе се одбележувазт 80 години од депортацијата на македонските Евреи во треблинка, МВР најавува изменет сообраќаен режим во Скопје.
„На 12.03.2023 со почеток во 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. Св. Кирил и Методиј, бул. Кочо Рацин, ул. 11-ти Октомври, ул. Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје“, соопшти полицијата.
Поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Настанот е во организација на Владата на Република Северна Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи,Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот, Ве известува за повеќе настани за одбележувањето.
Поворка на живите е прв од настаните кој ќе започне во 09:00 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол – Империал Тобако ТКС.
По поворката, предвидени се свечени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Северна Македонија, Ернест Херцог – Светски Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова – Европски Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ.