Османи за „Огнените“: Сакаат мислењата на малцинството да му го наметнат на мнозинството
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека „Oгнените“ немаат право да се наметнуваат затоа што се малцинство во ДУИ.
Тој вечерва на телевизијата „21“ изјави дека незадоволни се мал број на членови, кои „сакаат мислењата на малцинството да му го наметнат на мнозинството“.
„Тие кои не гласале, немаат право да се жалат, тие кои дале поддршка, тие можат да барат одговорност и отчет. Замислете Али Ахмети да ги менува министрите бидејќи така му текнало некому, на една група им текнува да ги сменат одлуките на мнозинството, тоа веќе не е институција, ДУИ е сериозна партија, ние ја потценуваме вредноста на оваа политичка организација која 20 години бележи неверојатни победи“, рече Османи.
Но, Изет Меџити, неформалниот предводник на „Oгнените“, е со став дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети е „под нечие влијание“.