Македонија

Милошоски и германската шефица на дипломатијата во германско-македонска војна со стихови

Пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Македонија дошло до „војна со стихови” за Бугарите во уставот на средбата меѓу германската министерка за надворешни работи Ана Лена Бербок и шефот на парламентарната комисија за надворешни работи.

Милошоски откри на дека во дипломатската војна биле користени стихови на еден од најдобрите македонски поети Анте Поповски.

„Имавме корисен разговор, а занимливо беше што секој од нас во поткрепа на своите стојалишта за притисоците од Бугарија, го цитираше големиот македонски поет, академикот Анте Поповски” открива Милошоски.

Германската министерка Бербок со цел да го убеди Милошоски во потребата за уставни промени го употребила стихот: “Сама себеси врата – сама себеси клуч” од стихотворбата ‘Таа’ на Попоски.

Милошоски од својата страна позицијата за бугарските барања ја бранел со стихот:
“Кога правиш подли компромиси – ти оставаш дамки врз своето име засекогаш” од писмото – есеј од Анте Поповски до бугарската поетеса Блага Димитрова.

На почеток