Мерките за замрзнување на цените го штитат стандардот на народот, вели СДСМ


СДСМ со одговорни и ефикасни мерки и политики го ублажува ударот од глобалната економска криза, вели СДСМ
„Со мерките за замрзнување на цените се штити стандардот на народот.
Цената на белиот и полубелиот леб е замрзната на 33 денари.
Цените на млекото и на млечните производи се намалени за 10, а на тестенините за 15 проценти.
Оризот и јајцата од кокошка се продаваат по цени од 15 март.
Се прават пресметки за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, со кои нема да се намалат откупните цени за земјоделците.
СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики, што го заштитуваат и унапредуваат животниот стандард на сите граѓани“, се вели во соопштението.
