Ковачевски и Груби од институциите направија логистика за бизнисите блиски до нив, затоа нема пари за учебници, вели ВМРО-ДПМНЕ


Ковачевски и Груби ја урнисаа државата, институциите не се во можност да извршуваат основни функции, затоа што се е насочено како логистика на бизнисите на луѓето блиски до нив, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Најскандалозната изјава ја даде министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој кажа дека МОН нема пари да ги испечати сите учебници за средно образование.
Оваа изјава е доказ колку е мизерна власта. МОН има над 450 милиони евра буџет, а нема за учебници. Каде тогаш ги трошат парите? Оваа влада троши историски најголем буџет, а нема пари за учебници. Каде се парите на граѓаните? Одговорот се крие во следните неколку реченици:
Владата има пари за криминален надзор од 22 милиони евра, а нема за учебници.
Владата има пари за братот на Груби, а нема за учебници.
Владата има пари за субвенции на фирмата основана од Ковачевски за фабрика во ТИРЗ Тетово, а нема за учебници.
Владата има пари за златен прибор, а нема за учебници.
Владата има пари за бифтеци за Маричиќ, а нема за учебници.
Владата има пари за службени возила, а нема за учебници.
Оваа владата на чело со Ковачевски и Груби има пари за се, само не за тоа што е од интерес на граѓаните, затоа треба да си замине“, е вели во соопштението.
