Актуелно

Почна исплатата на мартовската пензија

Од денеска започнува исплатата на пензиите за месец март 2023 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата ќе се одвива:

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).

На почеток