Македонија

Ковачевски откри зошто МТВ не се емитува во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека бил раскинат договорот за пренос на сигналот на МТВ кон други држави.

Ковачевски објасни дека потпишан бил договор за емитување на бугарската телевизија кај нас и на Македонската телевизија во Бугарија, што било и направено. Во меѓувреме, вели Ковачевски, бил раскинат договорот со кој може да се пренесе сигналот кон други држави од нашиот национален сервис.

„Со оглед на тоа што тие склучиле некаков договор што технички треба да се објасни, со кој давателот на услуги не овозможува бесплатно симнување на сигналот од страна на оператори во други држави, проблемот е создаден од порано. Разговарав со некои од институциите задолжени за медиумите. Планирам состанок со директорот на МРТ за да се види каков договор потпишале, како оди сигналот надвор и каква услуга добива националниот сервис во делот на емитување програма во други држави. Да провериме дали и во други држави има можност да се скине сигналот на МТВ и таму да биде гледан од страна на нашите граѓани“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

На почеток