Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ
Од
Објавено на
Експретседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски очекува долга дебата за изборите и неговата одговорност. Според него, по Конгресот, партијата треба да излезе пообединета и посилна.
„Делегатите имаат за што да разговараат“, вели Ковачевски.
На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратеници.