[ad_1]
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека хибридната војна против Русија ќе трае долго.
„Ако мислите, да речеме, војната во поширок контекст, ова е конфронтација со непријателски држави, ова е хибридна војна што тие ја поведоа против нашата земја и ќе трае долго време“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање за тоа како Кремљ ги оценува изгледите за завршување на војната во Украина, пренесува „РИА новости“.
Тој исто така повика на решителност, доверба и единство околу претседателот Владимир Путин, пренесе „Ројтерс“.
[ad_2]