Премиерот Димитар Ковачевски во официјална посета на Република Србија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, е во официјална посета на Република Србија.
Во придружба на владина делегација се министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација, Александар Бајдевски.
Во рамки на работниот дел од агендата на оваа официјална посета на Република Србија, планирана е церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, како и тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Двете владини делегации, предводени од премиерите на Република Северна Македонија и Република Србија во рамки на официјалната посета ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.
