Фотографиран балкански рис во НП „Галичица“
После педесетина години пауза, балканскиот рис за прв пат беше забележан во НП „Галичица“ во 2020 година.
Во последните три години, ова е осмо забележување на рисот на територија на националниот парк.
„Поттикнати од неговото присуство, ЈУНПГ заедно со МЕД/MES, во 2021 и 2022 година спроведоа #мониторинг за утврдување на бројност на популации на срна и дива коза во НП „Галичица“. Тоа се видови кои претставуваат омилена храна на балканскиот рис.
Во периодот кој следи, ќе бидат поставени дополнителни камери, со цел полесно утврдување на вкупната бројка на единки на #балканскирис и други крупни цицачи.
Секако, нема да изостанат ниту мерките за заштита на живеалиштата на балкански рис и директно спречување на криволов во НП „Галичица““, стои во објавата на социјалните мрежи.