Актуелно

Огромни суми за пенали во договорот со Бехтел и Енка ако работниците не работат 60 часа, вели Николовски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека го видел договорот за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 д со конзорциумот Бехтел и Енка, кој инаку засега е недостапен за јавноста, и таму, како што вели пратеникот, стои дека казните се огромни доколку не се дозволи работниците да работата 60, наместо 40 часа неделно.

Уставниот суд веќе еднаш ја укина законската одредба со кое на изведувачот му се одобруваше право да може да ангажира работници за 60 работни часа неделно, но сега повторно во Собранието по скратена постапка влезе законска измена со кое се поставува ова прашање.

Николоски во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри ддека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.

Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида,

Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години“, објави Николоски.

Синдикалните организации и здруженија денес ги повикаа пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д.

На почеток