Македонија

Турчин сакал со лажен зелен картон да помине македонска граница – по итна постапка е осуден

На 15.04.2023 во 07.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(31) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.

„Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка и против него била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Од Основен суд Крива Паланка на лицето му била изречена условна казна затвор од три месеци доколку во период од две години не изврши ново кривично дело“, велат од МВР.

На почеток