Утре голем хуманитарен концерт за лекувањето на младиот Никола
Утре (среда), во спортската сала Методија Андонов Ченто, во ООу „Наум Наумовски Борче„ во скопската населба Маџари, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за младиот Никола на кој му беше дијагностициран канцер, а кој веќе замина на лекување во болница во Турција.
„Голем број на музички ѕвезди ја прифатија нашата покана за учество на хуманитарниот концерт за Никола за што сум им благодарен.
Ова е листата на уметници кои ќе се погрижат за забавата
Ве повикувам сите да присуствувате на хуманитарниот концерт и уште еднаш да ја покажеме својата хуманост‼️
ВЛЕЗНИЦИ ЗА КОНЦЕРТОТ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ НА ВЛЕЗОТ ОД САЛАТА“, информираше градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.