Свет

(Видео) Во близина на Малезија се запали брод-цистерна, исчезнати се членови на екипажот

(Видео) Во близина на Малезија се запали брод-цистерна,  исчезнати се членови на екипажот


Во тек е потрага по тројца исчезнати членови на екипажот, откако танкер со нафта регистриран во Габон, се запали крај брегот на јужна Малезија, соопштија малезиските поморски власти.
Малезиската поморска управа (MMEA) соопшти дека примила пријавата за запален танкер ја добила во денеска во 16 часот по локално време, на околу 37,5 наутички милји североисточно од крајбрежниот регион Танјунг Седили во државата Џохор.
Танкерот пловел од Кина кон Сингапур со 28 членови на екипажот кога се запалил, објави MMEA.

Поморски патролен чамец бил испратен на местото на настанот за да ги спаси оние што биле во него, додаваат тие. 23 членови на екипажот биле спасени од два брода кои биле во близина, додека патролата спасила уште двајца членови.
Тројца членови на екипажот се исчезнати. Не се знае дали скокнале во морето или останале некаде на танкерот.
На првите фотографии се гледа како танкерот гори, а големи облаци од црн чад се издигнуваат во воздухот. Во близина биле забележани и други бродови.
Засега, јавува CNN, не е јасно дали имало загадување.

На почеток