Свет

Брнабиќ: Приштина намерно го крши Договорот од Брисел

Брнабиќ: Приштина намерно го крши Договорот од Брисел


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека нема очекувања од денешната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Албин Курти, во Брисел, бидејќи, како што рече, не само што не ја гледа намерата на Приштина да го спроведе договореното пред десет години туку смета дека таа намерно го прекршува бриселскиот договор.
„Не гледам како тоа ќе се промени по повеќе од 10 години од потпишувањето на бриселскиот договор како прв договор за нормализација гарантиран од ЕУ. Во Приштина не гледам подготвеност, тие се веќе наградени добро за неприменување на бриселскиот договор“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека проблемот не е само што не спроведоа ниту збор од бриселскиот договор, туку и што во текот на 2022 и 2023 година директно го прекршиле словото од бриселскиот договор со тоа што им го скратиле правото на Србите да гласаат на изборите што ги распиша Белград во 2022, и тоа двапати.
Премиерката Брнабиќ посочи дека Курти не само што не го спроведе бриселскиот договор туку и го прекрши.
„Но, и со овие квазиизбори, што се одржаа на северот на Косово, не сум слушналa повеќе ништо за тоа од ЕУ. Всушност, она што се слушна беа практично гласови за одобрување за кршењето на бриселскиот договор од Приштина, така што денеска немам никакви очекувања. Се трудиме да продолжиме да бидеме толерантни, да ги зачуваме мирот и некаква стабилност и покрај напорите на Приштина да предизвика дестабилизација“, рече таа.

На почеток