Македонија

(ВИДЕО) „Не на овој гроб“, Ахмети доживеа непријатна сцена во Слупчанe

На комеморативната церемонија на ОВК (УЧК) во кумановското село Слупчанe, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, доживеал непријатна ситуација.

На видеото што го објави порталот Лајм на Фејсбук, се гледа како Ахмети положува цвеќиња на гробовите на загинатите припадници на ОВК.

2 мај 2001 година се смета за посебен ден за областа Карадак. но и за сите Албанци, кој овој датум го слават како ден на ослободување на оваа област. А Слупчанe се смета за симбол на отпорот.

Но, кога доаѓа до гробот на извесен Али Махмути, борец на ОВК кој загинал кај Матејче во 2001 година, таткото на загинатиот не дозволува Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син.

Погледнете го видеото ТУКА.

На почеток