(Видео) Силен дожд во Руанда, најмалку 55 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето
Обилни врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западна Руанда, при што загинаа најмалку 55 луѓе.
Спасувачите се обидуваат да им помогнат на повредените и заробените во нивните домови.
„Цела ноќ врнеше силен дожд. Загубивме многу животи, многу семејства. Загинаа околу 55 луѓе, а да не зборуваме за оние што беа повредени. Се обидуваме да спасиме што е можно повеќе луѓе“, изјави Франсоа Хабитегеко, гувернер на Западната провинција за „Ројтерс“, додавајќи дека областите Нгорореро, Рубаву, Нјабиху, Руциро и Каронги биле најтешко погодени.
Хабитегеко рече дека вчера околу 18 часот почнало да врне оти реката Себеја се излеала од коритото.