Седмоодделенец пукал во училиште во Белград – загина чуварот, повредени се ученици
Од
Објавено на
Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во општината Врачар, во Белград.
Според првите информации, седмоодделенец го донел пиштолот на татко му на училиште. Неофицијално загинал училишниот чувар, пишува „Блиц“.
Момчето (14) пукало во училиштето и повредило неколку ученици.
Детето е приведено во станица.
Според првичните информации, четворица ученици се пренесени во Итната помош. Мотивот засега е непознат.