Македонија

Ковачевски: Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи изрази сочуство до српскиот народ и семејствата на починатите.

„Трагична вест од Белград, нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски.
Во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име, изразувам најдлабоко и искрено сочувство за загубените животи.
Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување“, вели Ковачевски

На почеток