Турчин фатен со фалсификуван пасош
Од
Објавено на
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(50) од Република Турција, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 01.05.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот во кој престојувал, при што била пронајдена фалсификувана патна исправа и било утврдено дека непријавено престојувал на подрачјето. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.