Македонија

Без лиценца организирал игри на среќа, а процент добивката била префрлана на негово име

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и Д.С.(33) од село Јанчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ и „комар“. На 15.12.2022, полициски службеници во содејство со претставници од УЈП извршиле акциска контрола во правното лице, при што од сопственикот Д.С. и од еден вработен биле одземени мобилни телефони и список од 370 клиенти со различни кориснички имиња, кои Д.С. преку веб страница ги креирал и овозможувал игри на среќа без да поседува лиценца, додека процент од добиените средства биле префрлани на негово име.

На почеток