Свет

19-годишен Бугарин ја убил мајка си и ја чувал во подрум

19-годишен Бугарин е уапсен за убиство на мајка си, информираат од Апелациското обвинителство во Велико Трново.

Истрагата за смртта на 52-годишната жена е под раководство на Окружното обвинителство во Ловеч. Според обвинителите, жената живеела во стан во центарот на Ловеч заедно со нејзиниот син.

19-годишникот на 20 февруари во полицијата во Ловеч пријавил дека неговата мајка од 13 февруари излегла од станот и ја нема. Во април, во блокот почнал да се провлекува непријатен мирис. Сопственикот на станот бил повикан од Софија, го отклучил подрумот и таму е пронајдено телото на жената.

Нејзиниот 19-годишен син е идентификуван како сторител на делото и приведен на 1 мај, првично до 24, а потоа и до 72 часа. Ќе биде поднесено барање за трајно приведување.

На почеток