Македонија

МВР бара задолжително да се заменат дозволите за оружје

Mинистерството за внатрешни работи објавува повик за задолжителна замена на дозволите за оружје.

Станува збор за задолжителна замена на дозволите за оружје издадени до 31.12.2006 година

„Сите граѓани и правни субјекти задолжително треба да ги заменат дозволите и овластувањата, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Барањата за нови дозволи се достапни на веб страната на Министерството за внатрешни работи mvr.gov.mk или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на Министерството за внатрешни работи, според живелиштето на граѓаните, односно седиштето на правното лице, секој работен ден во период од 8:00 до 16:00 часот најдоцна до 04 јуни 2023 година.

Оваа кампања е иницирана од Националната комисија за мало и лесно оружје и поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку вонбуџетскиот проект „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје” со финансиска помош на донаторите на проектот“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

На почеток