Министерот Шаќири е дециден: Мора да има полагање државна матура на 27 мај
Министерот за образование, Јетон Шаќири, кој вчера гостуваше во ТВ Сител најави дека во процесот на реализирање на Државната матура ќе се вклучат и вработени во МОН, нагласувајќи дека полагањето на предметите мора да почне во зацртаниот термин, а тоа е 27. мај.
Истакна дека за утре е најавен состанок со синдикатот и доколу се најде заедничко решение, како што рече, ќе очекува од директорката на ДИЦ, Благица Павловска барање за дел од вработените во МОН да се вклучат и во подготовката на Државната матура.
-Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. За утре е најавен нов состанок на синдикатот. Ако утре најдат решение, ќе очекувам од диреторката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај – нагласи министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.