Свет

Уапсена шестчлена криминална група: Осомничени се дека врбувале девојки за проституција во Белград

Уапсена шестчлена криминална група: Осомничени се дека врбувале девојки за проституција во Белград


Полицијата уапсила шест членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради извршување кривични дела и посредување во проституција, соопшти српската полиција.

Уапсени се Ј.Д.(1973), Д.К. (1959), А. С. (1982), Ж. Ш. (1983), B. Г. (1993) и Д. M. (1989).

Надлежѓните се сомневаат дека од септември 2022 до мај 2023 година врбувале жени да се занимаваат со проституција, а потоа изнајмувале станови на територијата на Белград каде што жените биле со клиенти, пренесуваат српските медиуми.
Осомничените се обвинети и за организирање рекламирање проституција преку социјалните мрежи, подведувајќи повеќе од 10 девојки на кои им организирале превоз до клиентите.
Постојат сомнежи дека членовите на организираната група ги поделиле парите добиени од проституција.
При претрес на становите и другите простории што ги користеле, полицијата пронашла 203.000 динари, 3.200 евра, 39 мобилни телефони, 3 лаптопи, кои, како што се сомневаат, биле користени за евиденција на девојките кои даваат сексуални услуги, евиденција за заработените пари, за времетраењето на давање на сексуални услуги.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

На почеток