(ВИДЕО) Груби до пратениците по гласањето за коридорите: „Пушката топ нека им стане, но ова не застанува“
Потпретседателот на владата и министер за политички систем, Артан Груби денеска го поздрави усвојувањето на измените на законите со кои, како што е нагласено во соопштението, се овозможува побрза и поевтина изградба на коридорите 8 и 10Д.
„Груби им се заблагодари на пратениците кои со својот глас се построија на правилната страна и не дозволија продолжување на злонамерната тенденција на оние кои за ниски политички поени не штедеа зборови и дела за да ја блокираат реализацијата на најважната инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата“, стои во напишаното.
„Тој во својата објава на социјалната мрежа фејсбук го повтори изразот “Пушката топ нека им стане, но ова НЕ ЗАСТАНУВА“ што ја изразува посветеноста на Владата за да ги реализира коридорите кои се пат кон нов хоризонт на економски развој на земјата, и покрај сите опструкции и дезинформации што се шират во јавноста“, информираат од неговиот кабинет.