Македонија

Поради бизнис врските во политиката повторна експлоатација на песок на Пчиња, вели Левица

Вчера пратеникот од Левица Борислав Крмов и портпаролот на партијата Амар Мециновиќ повторно беа помеѓу жителите на селата Горно и Средно Коњари, кои продолжуваат да се соочуваат со голготата која им ја приредуваат нелегалните експлоататори на песок на реката Пчиња.

Деценискиот проблем на овие жители кои се оставени сами да се борат против мафијата не стивнува и покрај укинатата концесија за т.н. “уредување на речното корито” – за минатиот петок помеѓу двете села повторно да се соочат со машинерија покрај реката.

Откако се исцрпени сите институционални методи, како и правото на протест со блокирање на автопатот, жителите се принудени физички да ги оневозможат експлоататорите на што следат бројни неоправдани кривични пријави со цел заплашување на народот.

Левица будно ја следи состојбата и е во постојан контакт со тамошното население за да се спречи секое следно уништување на природата и девалвација на животните услови.

На почеток