Пендиков се врати во Охрид
Од
Објавено на
Секретарот на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков утрово се појави во Охрид за да даде исказ пред истражителите за тепањето.
Пендиков на влезот во зградата ги избегна камерите и новинарите кои го чекаа, пренесе БГНЕС.
Ова е прво враќање на Пендиков во родниот град по лекувањето во Софија.
Еден од напаѓачите, Илија Спасески рече дека го разбира обвинението, но не се чувствува виновен, а неговите адвокати велат дека ќе докажат дека инцидентот не се случил поради етничка омраза.
Пендиков неодамна доби бугарски документи и стана бугарски државјанин.