Со автомобил удрил велосипедист и избегал
Шеесетиедногодишниот Б.И. од тетовското село Камењане бил удрен од автомобил при што се здобил со тешки телесни повреди.
За да биде неговата несреќа уште поголема, возачот кој го удрил избегал од местото на несреќата и го оставил сам.
Од МВР посочуваат дека извршен е увид, но возачот се уште не е пронајден.
– На 29.05.2023 во 16.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека претходниот ден околу 14.00 часот во тетовско Камењане, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 61-годишниот Б.И. од ова село и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата, Б.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото увид извршила екипа од СВР Тетово – пишува во билтенот на МВР.