Македонија

Со советничката на премиерот Петков ги водевме најтешките преговори, вели Османи

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека во разговорите со Весела Чернева, која беше советничка на екс бугарскиот премиер Кирил Петков е направен најмал исчекор во македонско – бугарските односи.

На бугарската политичка сцена има сериозни обвинувања дека таа шпионирала во корист на Македонија.

„Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори“, вели Османи во изјава за 360 степени.

Советничката на екс бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева е под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје.

Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и дека самата лобира во преговорите со Македонија.

На почеток