(ФОТО) Апокалиптични сцени по невремето во Делчево
На социјалните мрежи се шират застрашувачки фотографии од вчерашното невреме што го зафати Делчево.
Во невремето проследено со силен дожд и град, поплавени беа голем број на куќи и објекти
Во текот на ноќта освен пожарникарите на терен беа и вработени во комуналното претпријатие кои со механизација расчистуваа дел од наносите на патната мрежа.
Во своето вечерно обраќање градоначалникот на Делчево информираше дека ставени се во функција сите расположливи ресурси но за целосно справување со последиците ќе биде потребна и поголема поддршка.
Апелираше загрозените граѓани да ја пријавуваат состојбата на дежурниот телефонски број изразувајки надеж дека во текот на денешниот ден работите ќе бидат ставени под целосна контрола.