Магазин

(ВИДЕО) Маестрална изведба на песната “Ми заплакало селото Ваташа” во чест на 12 – те ваташки младинци

Андријана Јаневска, Кате од „Нели ти реков“ и Игор Џамбазов и овој пат не ја оставија рамнодушна публиката по изведбата на песната „Ми заплакало селото Ваташа“ и рецитал на стиховите на „Цветови“ од Славко Јаневски. Емотивна изведба за пролеаната детска крв на чествувањето на 80 години од масакрот во селото Ваташа каде фашисти стрелаа 12 младинци на возраст од 17 до 25 години.

На церемонијата кај споменикот, дојдоа семејствата на убиените деца, свежо цвеќе положија и низа политичари. До споменикот се поставени 12 бисти кои беа откриени, а пуштена е и спомен соба за младенците.

На почеток