Свет

Фила: Курти не сака војна меѓу Албанците и Србите, туку војна меѓу НАТО и Србија

Фила: Курти не сака војна меѓу Албанците и Србите, туку војна меѓу НАТО и Србија


Адвокатот Тома Фил денеска изјави дека косовскиот премиер, Албин Курти, не сака војна меѓу Албанците и Србите, туку меѓу НАТО и Србија, што, доколку се случи, ќе ја врати Србија 50 години назад, пренесува Танјуг.

Тој вели дека договорот постигнат во Охрид е спорен, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ никогаш не кажал дека се согласува Косово да влезе во ОН и додава дека Србија побарала прво да се формира ЗСО, а потоа да се разговара понатаму.

„Во ниту еден од договорите што ги потпишавме за време на Милошевиќ и понатаму, тие никогаш не играа фер игра, секогаш гледаа да не „изработат“. Така е и за ЗСО, иако во 2013 и 2015 година беше договорено точно како треба тоа да изгледа“, нагласи тој.
Фила посочува дека Курти сака војна меѓу НАТО и Србија и затоа е потребно претседателот Вучиќ и Србија да се вооружат со трпение и да не наседнуваат на провокациите бидејќи, како што вели, подобро е да се преговара 100 години отколку да се води војна за еден ден.
Тој додава дека Србија почнала да крева глава, ја има развиено економијата, производството, извозот од фабриките е 70-80 отсто кон европската заедница, а во моментот кога ќе избие војна, тоа ќе престане и Србија ќе се врати 50 години наназад.
Прашање е колку меѓународното право се почитува бидејќи, како што објаснува, меѓународното кривично право е спротивставено на правото на посилниот и во овој меморандум се применува правото на посилниот, а се додека е така, Србите и државата Србија нема да имаат мир никаде, не само на Косово, додава тој.

На почеток