Свет

Насилни тинејџери нападнале старица: детали за малолетниците кои тепаа пензионери во Сараево

Насилни тинејџери нападнале старица: детали за малолетниците кои тепаа пензионери во Сараево


На едно малолетно лице, за кое се сомничи дека нападнало тројца пензионери заедно со уште двајца малолетници, одредена му е мерка притвор, друго е пренесено во Дисциплинскиот центар во Сараево, додека третото малолетно лице е пуштено, потврдија од Обвинителството во Сараево.

Тројцата малолетници биле осомничени за напади и нанесување тешки повреди на тројца пензионери во сараевската населба Алипашино Поле, пишува „Аваз“.

Притоа 80-гпдишен маж им подлегнал на повредите, јавува „Српскаинфо“.
Имено, во сабота на 17.06 во 01.15 часот биле приведени малолетните Ц. А.(15) и Ч. Н.(14), кој е осомничен за разбојништво во обид, кражба и нанесување тешка телесна повреда. Уапсен е и Ц. М.(17) за разбојништво.
Тие нападнале и друга повозрасна жена од Добриње која не сакала да го пријави случајот во полиција.

На почеток