Свет

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина: погодена клучна инфраструктура

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина: погодена клучна инфраструктура


Русија во текот на ноќта изврши масовен воздушен напад врз Украина, гаѓајќи ги главниот град и градовите од исток кон запад, додека поголемиот дел од земјата ја помина ноќта со сирени за воздушен напад.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека според прелиминарните информации, украинските системи за противвоздушна одбрана собориле 28 од 30-те беспилотни летала Шахид од иранско производство, лансирани од Русија.

Украинските сили и противвоздушната одбрана во воздушниот простор околу Киев идентификувале и уништиле дваесетина непријателски цели, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев, на апликацијата за пораки Телеграм.
„Уште еден голем воздушен напад врз главниот град“, рече Попко.
Воената администрација на Лавов, град со околу 700.000 жители на 70 километри од границата со Полска, членка на НАТО, соопшти дека Русија ја погодила клучната инфраструктура во градот, предизвикувајќи пожар.
Според првичните информации, нема жртви.
Јуриј Малашко, шеф на воената администрација на регионот Запорожје во југоисточна Украина, на Телеграм објави дека рускиот напад бил насочен кон телекомуникациската инфраструктура, земјоделството и фармите.
Нема извештаи за жртви во Запорожје.
Врховната воена команда објави дека Русија истрелала седум проектили во нападот на Запорожје, според прелиминарните извештаи.

На почеток