Свет

(Видео): Маж со секира влегол во неколку кинески ресторани во Нов Зеланд, четворица повредени

(Видео): Маж со секира влегол во неколку кинески ресторани во Нов Зеланд, четворица повредени


Четири лица се повредени откако маж со секира и чекан ги нападнал гостите во неколку кинески ресторани во Окланд, Нов Зеланд. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат од ресторанот, откако напаѓачот наводно влегол во објектот вчера во 21 часот по локално време и почнал да ги напаѓа гостите.

Сведоците изјавиле дека мажот имал и голем број други оружја, вклучително и „нешто што личело на чекан“. Полицијата соопшти дека на местото на настанот е уапсен еден кинески државјанин кој е обвинет за нанесување тешка телесна повреда, пишува Би-би-си.

Властите не го соопштија идентитетот на напаѓачот или неговата возраст. Полицијата вели дека нападот најверојатно не е расно мотивиран и во моментов се третира како изолиран инцидент. Тие додадоа дека четири лица се повредени, а тројца од нив завршиле во болница и дека се стабилни.
Нападите се случиле во рестораните „Жанглианг Малатанг”, „Јуес Дамплинг Китчен” и „Маја Хотпот”. Еден вработен рекол дека инцидентот започнал неочекувано и дека човекот само „влегол внатре, извадил предмет налик на чекан и ги нападнал луѓето што седеле на масата“.
Готвач во еден од рестораните рекол дека сè изгледало „како воена зона“: „Таму имаше млад човек на околу 20-ти години, со крвава глава. Тој стоеше некое време, а потоа се струполи на подот“. Еден од сведоците изјави дека напаѓачот ѝ пришол на другарката одзади и ја удрил со секира.

На почеток