Свет

Единственото место за седење во подморницата е тоалетот, кој е одделен со завеса: Внатрешноста не е дизајнирана за подолг престој

Единственото место за седење во подморницата е тоалетот, кој е одделен со завеса: Внатрешноста не е дизајнирана за подолг престој


Подморницата изгубена во Атлантикот не е наменета за долг престој – нема столици, па патниците седат на подот, а им се советува да не јадат пред патувањето за да не мораат да го користат тоалетот, кој е разделени само со завеса.

Исчезнатата подморница „Титан“ е мало пловило дизајнирано да прими само пет луѓе на еден ден – два часа патување под морето, неколку часа истражување на „Титаник“ и двочасовно враќање на површината.

Минатата година, основачот на тур-операторот OceanGate Expeditions му ја покажа на тимот на Си-би-ес внатрешноста на подморницата што се користеше за посета на потонатиот брод „Титаник“. На видеото е прикажана мала комора, со простор со големина колку мини комбе.
За таква напредна подморница, внатрешноста е прилично гола и едноставна, со само едно копче и екран на ѕидот. Остатокот од операциите на бродот се изведуваат на рачен контролер кој неверојатно личи на конзола за игри со шарени копчиња.

На почеток