Македонија

Внукот на Ахмети го купува Бизнис центарот Соравиja

Фирмата „Тхор индустрис“ во сопственост на Дрин Ахмеди од Кичево во која самиот Ахмеди е управител заедно со Егзона Ризмани ја купува Соравија и бизнис центарот со исто име во центарот на Скопје.

Mkd.mk објави дека Дрин Ахмеди е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети односно е син на неговиот брат.

Фирмата „Тхор Индустрис“ на член на семејството Ахмети заедно со фирмата „Пе-вла-ку ШПК“ од Албанија ја купува Соравија, за што извести и Комисијата за заштита на конкуренција со одлука објавена на 15-ти јуни.

И двете фирми имаат адреси во Соравија центарот односно и „Тхор“ и македонската подружница на „Пе-вла-ку“ се сместени на 11 кат во бизнис центарот. Досега биле кираџии, но сега го откупуваат целиот центар. Егзона Ризмани која е управител на „Тхор“ истовремено е и овластено лице на фирмата од Албанија, покажуваат податоците од Централниот регистар.

„Тхор“ на внукот на лидерот на ДУИ е формирана во ноември 2020-тата година.

Во документот на антимонополската Комисија за заштита на конкуренција стојат само неколку податоци за фирмата на Ахмеди кој според МКД.мк е син на Фекри Ахмети од Зајас:

ТХОР ИНДУСТРИЕС е друштво основано во 2020 година, според законите на Северна Македонија. Основната дејност на ТХОР ИНДУСТРИЕС регистрирана во Трговскиот регистар на Северна Македонија е: развој на градежни проекти. ТХОР ИНДУСТРИЕС има подружница во Северна Македонија – ТХОР ИТ СИСТЕМС Скопје со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр. 3/11кат, Скопје – Центар, која врши компјутерско консултантски дејности.

За разлика од домашната компанија, фирмата од Албанија има поголемо досие во одлуката на Комисијата и во неа стои дека во Македонија ќе се занимава со развој на градежни проекти.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток