Магазин

(ВИДЕО) Дедото кој порачуваше „Да Вежбате“, по потекло е од Македонија, ќе прифати ли да биде манекен?

82 годишниот дедо од Загреб кој ги нападна пензионерите и останатите кои се жалат за своето здравје и епидемија на грип, дека сето тоа им е од немање активност и не вежбање, по потекло е од Македонија. Тони, како се претстави при давањето изјава во центарот на Загреб е всушност Таљат Селмани, роден во гостиварски Вруток.

Тој во Хрватска бил повеќе од 60 години, таму служел војска, се заљубил во некоја девојка и решил да остане во оваа земја. И покрај тоа што младата дама не останала негова животна сопатничка, тој останал во Загреб, каде ја сретнал Нада, неговата сопруга со која ден денес е во среќен брак, како што вели самиот.

Се бавел со манекенество долги години, а изминатите дваесет е пензионер кој води активен живот и е здрав и витален.

Имено, Тони во младоста работел како модел и соработувал Вартекс како бренд уште од времето на поранешна Југославија, но сега од оваа компанија му понудија повторно да ја рекламира нивната облека.

Кога го контактирале Тони, тој бил воодушевен што повторно ќе има прилика да соработува со нив.

„И порано работев за Вартекс, компанијата секогаш имаше репутација, не смее да пропадне и јас ќе им помогне колку што можам. Парите воопшто не ми се важни, сакам да им помогнам на Вартекс да им тргне работата, а јас ќе работам и дење и ноќе, ако тоа биде потребно. Тоа е квалитет од памтивек “, вели во еден здив овој симпатичен пензионер, а пренесе Индекс.

Инаку, Тони се прослави во целиот регион откако даде изјава на новинарите од телевизијата Н1 кои случајно го сретнаа на улица додека се шеташе низ плоштадот низ Загреб и го прашаа што мисли за грипот.

„Не постои грип, злато мое, 82 години, никогаш болен, никогаш кај доктор. Тоа запомнете го сите. Срамота, пензионерите ни го уништија здравството. Ме боли раката, ме болат нозете, сé ме боли… Па вежбај, пи*ка ти мајчина“, порача пред камерите овој 82 годишен старец.

Во продолжение видеото кое го прослави Таљат Селмани:

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток