Македонија

(ВИДЕО) Министерот за економија Крешник Бектеши во Давос на министерска средба за Е-трговија

Министерот за Економија Крешник Бектеши кој е дел од владината делегација во рамките на работната и економска агенда на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија денеска зеде учество на министерска средба за електронската трговија на која Република Македонија како земја членка на Светската трговска Организација, активно учествува во унапредување на правилата во меѓународната трговија.

На средбата, на која збор зедоа и Генералниот директор на СТО Роберто Азеведо, како и Еврокомисарот за трговија Сесилија Малмстром, министрите повикаа на почеток на преговори кон Договор за меѓународно-трговските аспекти на електронската трговија во рамка на Светската трговска организација.

62-те земји кои ја поддржуваат оваа иницијатива – меѓу кои и Македонија ја потврдија својата верба во можностите кои електронската трговија ги нуди, за фирми, но и за цели економии. Министерот Бектеши потенцираше дека, “особено за земји како Република Македонија, со мали но отворени економии, електронската трговија може значително да го поттикне претприемништвото, да намали неефикасности, да зголеми продуктивност, и суштествено да придонесе кон економскиот раст.”

Затоа, Република Македонија се обидува да направи соодветна правна рамка за електронска трговија и ги подржува сите напори за таква правна рамка на меѓународно ниво, што би била и целта на Договор на оваа тема под Светската трговска организација.
Министерот Бектеши во оваа прилика уште еднаш подвлече дека оваа влада е решена да ги направи потребните чекори кои ќе обезбедат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и кои ќе отворат врата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и подобар животен стандард за сите граѓани.

Земјите пристапнички кон Заедничката декларација ќе продолжат да ги охрабруваат сите членки на СТО да учествуваат со цел понатамошно подобрување на придобивките од електронската трговија за бизнисот, потрошувачите и глобалната економија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток