Скопје

Втор пожар во Скопје, за неколку часа – овојпат во близина на трансформатор, а опфатена поголема површина

Втор пожар изби попладнево, овојпат кај парк шумата „Гази Баба“. Таму интервенираат две противпожарни возила. Запалена е сува трева, додека опожарена е поголема површина. Според информациите од Противпожарната бригада, во близина на пожарот имало трафостаница на Електродистрибуција – но опасност, нема.

Ова е вторпожар во еден ден. Првиот изби на кејот на реката Варадар, позади спортскиот центар Борис Трајковски. Тој е ставен под контрола, а и натаму интервенираат противпожарните бригади.

На почеток