Македонија

И Орце Камчев на црната листа на САД

Бизнисменот Орце Камчев заврши на „црната листа“ на САД.

„Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, во Северна Македонија согласно Извршниот налог (E.O.) 14033. Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави за промовирање на одговорност за поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Г. Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече Брајан Е. Нелсон, потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД.

Тој нагласи дека „министерството останува посветено на повикување на одговорност на сторителите на корупција“.

На почеток