Македонија

Скопјанец фалсификувал уверение за платен данок за да учествува на тендер

Скопјанец фалсификувал уверение за платен данок за да учествува на тендер

Маж од Скопје, Б.Ј.(60) фалсификувал уверение за платен данок за да учествува на тендер за реновирање на Универзитетска клиника за детски болести.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, против него поднесена е кривична пријава за фалсификување исправа.

Се наведува дека пријавениот, во својство на управител и сопственик на скопска фирма, во текот на декември 2022 го набавил фалсификуваното уверение за платени даноци и придонеси и го пуштил како прилог на тендерската документација.

Макфакс

На почеток