Македонија

Битиќи до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Не гласавте за вашиот мајчин јазик, а јас очекувам да имате почтување за мојот

Битиќи до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Не гласавте за вашиот мајчин јазик, а јас очекувам да имате почтување за мојот

Не гласавте за вашиот мајчин јазик, а јас очекувам да имате почтување за мојот, реагира вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи откако 36 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и двајцата пратеници од Левица и пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, не гласаа за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

„Вие не сте ја искористиле парламентарната привилегија да гласате за Вашиот мајчин јазик, а јас очекувам да имате почитување за мојот. Сега разбирам дека Вие и јас не функционираме од истото ниво на почит кон себе а секако после и кон другиот. Вие ја немате, јас ја имам. Поздрав“, напиша Битиќи на социјалните мрежи.

Макфакс

На почеток