Македонија

На граничните премини се чека по еден час, забраната за тешки товарни возила е на сила

На граничните премини се чека по еден час, забраната за тешки товарни возила е на сила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Забраната важи во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Од вчеравечер во 19:00 ч. преминот Барбарос, од Прилеп кон Македонски Брод е во прекин поради сообраќајна незгода, додаваат од АМСМ.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, иако интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце, ГП Пелинце и ГП Богородица за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Макфакс

На почеток