Македонија

Сопартијците од ДУИ застанаа во одбрана на Артан Груби

Сопартијците од ДУИ застанаа во одбрана на Артан Груби

Крешник Бектеши во објава на својот Фејсбук профил изрази жалење за, како што вели, обидот за напад врз првиот вицепремиер Артан Груби, а во врска со палењето на автомобил на негов сосед за кој медиуми шпекулираат дека всушност е на Груби.

dobivaj vesti na viber

-Сите заедно како општество мораме да ја осудиме оваа неприфатлива постапка која го нарушува имиџот на државата и создава неизвесност кај нашите граѓани. Ќе стоиме обединети, силни пред секој предизвик што не очекува, вели Бектеши.

Тој изрази надеж дека надлежните органи ќе го истражат овој случај и што поскоро ќе ги изведат сторителите на оваа акција пред лицето на правдата.

Се огласи и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој исто така преку Фејсбук статус вели дека е „револтиран од веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби“.

-Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Мора да има одговорност за таквите постапки кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции. Ние сме општество изградено врз принципите на мир, толеранција и почитување еден кон друг. Нашата сила лежи во нашето единство и заедно можеме да го надминеме секој предизвик што ќе ни се појави, вели Османи кој во објавата автомобилот го припишува на Груби иако Груби попладнево излезе со објава на Фејсбук каде вели дека запалениот автомобил е на неговиот сосед.

Макфакс

На почеток