Македонија

Запалено „ауди“, кое не е сопственост на Груби, но се поврзува со вицепремиерот

Запалено „ауди“, кое не е сопственост на Груби, но се поврзува со вицепремиерот

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека околу 3.30 часот утрово на ул. „Струмичка“ во Чаир настанал пожар во патничко возило „ауди со скопски регистарски таблички, во сопственост и паркирано од страна на Б.Л. (35) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје.

Медиуми го поврзуваат возилото со вицепремиерот Артан Груби, а Макфакс го контактираше за потврда или демант, но засега нема информации за поврзаноста на аудито со него.

Макфакс

На почеток